Достапни линкови

logo-print

САД и ЕУ му ја честитаа победата на Јанукович


Американскиот претседател Барак Обама телефонски му ја честиташе победата на новоизбраниот украински претседател Виктор Јанукович, соопштува Белата куќа. Во соопштението се наведува дека Обама смета оти Украина одржала фер и демократски избори. Двајцата лидери се согласиле дека треба да продолжат напорите за неширење на нуклеарното оружје.
Победата на Јанукович му ја честитаа и лидерите на Европската унија.
Јанукович победи на изборите со 3,5 отсто разлика пред неговата противкандидатка Јулија Тимошенко. Таа не ги признава резултатите од изборите.
XS
SM
MD
LG