Достапни линкови

Дожд го изми „олимпискиот“ снег во Ванкувер


Планината каде што треба да се одржат натпреварите во скијање на Зимските олимписки игри во Ванкувер е погодена од силен дожд, што речиси го изми снегот што вчера ја прекри патеката. Организаторите го одложија тренингот во спуст на натпреварувачките.
Ванкувер се соочува со високи температури и недостаток од снег.
Организаторите се надеваат дека дека ќе падне нов снег за натпреварите во спуст-мажи да се одржат според распоредот. Олимпијадата почнува вечерва.
XS
SM
MD
LG