Достапни линкови

Во Тетово и Гостивар не важи законот за забрана на пушење?


Млади луѓе пушат пред кафе бар

Млади луѓе пушат пред кафе бар

Во Тетово и Гостивар, пушачите успеаа да запалат цигара и да го ,,прејдат" законот за забрана за пушење. Иако уредно во објектите е ставен натпис дека пушењето е забрането, сопствениците на кафе баровите наместо пепелник носат тацна, а кој сака да запали цигара тоа го прави на негова одговорност.

Со нечија досетливост пушачите во кафе баровите во гостиварско и во тетовско успеаа да запалат цигара и да го ,,прејдат" законот за забрана за пушење. Во локалите нема пепелници, а истакнати се и предупредувања дека е во сила законот за заштита од пушење, но кој сака да запали цигара тоа го прави на негова одговорност, а келнерите наместо пепелник носат тацна. Со тоа го задоволува гостинот, но
Јас пепељарите сум ги тргнал, натписи дека е забрането пушењето сум ставил на секое ќоше, сега некои не го почитуваат на нивна одговорност
истовремено го предупредува дека доколку дојде пазарната инспекција казната сам ќе си ја плати. Ова го потврдува и еден сопственик на тетовско кафуле:

,,Јас пепељарите сум ги тргнал, натписи дека е забрането пушењето сум ставил на секое ќоше, сега некои не го почитуваат на нивна одговорност."

Пазарната инспекција најверојатно наседнала на досетливоста на сопствениците на угостителските објекти па веруваат дека законот за заштита од пушење во Тетово се почитува. Тоа се гледа и според изречените казни за месец јануари. Според надлежните, во инспекторатот минатиот месец во тетовско се изречени три казни. Ако забележи сопственикот дека некој гостин во неговото објект запалил цигара, истиот да ја повика Пазарната инспекција, вели Мирче Петковски од Државниот пазарен инспекторат:

,,Дали под дејство на алкохол или едноставно по своја желба, законот ги обврзува угостителите и останатите трговци да имаат соодветен број значи од подрачната едница на градот каде што се наоѓаат и за секоја девијантна појава да се извести инспекторатот. Во тој случај наша должност е да преземеме соодветни управни мерки и казни."
Мислам дека овде кај нас потешко може да се спроведе тој закон, а во Скопје, натаму во тој дел од земјата можеби


Со ова не се согласуваат граѓаните кои гледајќи ги на терен работите сметаа дека во секој трет угостителски објект цигари слободно се пушат, а казни нема:

,,Па од она што гледам мислам дека не се почитува. Каде како."

,,Мислам дека овде кај нас потешко може да се спроведе тој закон, а во Скопје, натаму во тој дел од земјата можеби."

Во Гостивар од извршените 100 контроли, казнети се две лица и три кафеани. За сопствениците на објектите казните се поголеми, според законот тие треба да платат од 1000 до 5000 евра, а за физичките лица казната изнесува од 100 до 300 евра.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG