Достапни линкови

Олбрајт: НАТО не е закана за Русија


Поранешниот Државен Секретар на Соединетите Американски Држави , Медлин Олбрајт изјави денеска дека е изненадена од руската воена доктрина во која НАТО се третира како прва воена безбедносна закана за Русија. Таа истакна дека НАТО не е никаква закана за Русија и дека НАТО сега се занимава со решавање на глобални проблеми како тероризмот и трговијата со дрога.Олбрајт е во посета на Москва каде што се сретна со рускиот министер за надворешни расботи, Сергеј Лавров.
XS
SM
MD
LG