Достапни линкови

logo-print

Шпинделегер:Западен Балкан да го искористи моментот за приклучување во ЕУ


Државите од Западен Балкан мора да го искористат моменталниот развој на настаните за приклучување кон Европската Унија, бидејќи во унијата некои сметаат дека по влезот на Хрватска треба да се направи пауза. Ова го изјавил шефот на австриската дипломатија , Михаил Шпинделегер за франкфуртски весник. Тој додаде дека дел од земјите сметаат дека е неопходна внатрешна интеграција на Европската Унија а не проширување.Шпинделегер посочи дека клучен момент за сумирање на постигнатите резултати на Европската унија е 2014 година што симболично се поклопува со стогодишнината од почетокот на Првата Светска Војна.

XS
SM
MD
LG