Достапни линкови

Електронски систем за јавни набавки


Потранспарентни јавни набавки?
Потранспарентни јавни набавки?
Во Македонија години нанзад јавните набавки се најголем извор на коруција, сметаат експертите. Владата во соработка со Бирото за јавни набавки и со американската агенција УСАИД го презентираше електронскиот систем за јавни набавки. Министерот за финансии Зоран Ставревски вели примената на електронските јавни набавки ќе биде силен инструмен во борбата со корупцијата, бирократијата
Ова обезбедува максимална транспарентност и рамноправен третман, тоа ќе поттикне многу помали фирми, и средни фирми еднакво да учествуваат во јавните набавки
и ќе придонесе за транспарентност во извршувањето на јавните набавки во земјава.

„Ова обезбедува максимална транспарентност и рамноправен третман, тоа ќе поттикне многу помали фирми и средни фирми еднакво да учествуваат во јавните набавки.“

Јавните набавки сочинуваат речиси една третина од Буџетот на земјата и се главниот двигател на економијата. Тие мора да се прават на ефикасен и транспарентен начин што на компаниите ќе им обезбеди рамноправност. вели американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер.

„Компаниите од приватниот сектор ќе имаат големи предности од користење на системот, прво може да бидат сигурни дека системот ги намалува можностите за корупција во јавните институции. Системот ќе обезбеди и известување за сите тендери кога ќе се објавуваат и лесен пристап до потребната документацијата, а ќе обезбеди и транспарентен механизам за
Компаниите од приватниот сектор ќе имаат големи предности од користење на системот, прво може да бидат сигурни дека системот ги намалува можностите за корупција во јавните институции
поставување прашања и ќе биде лесно средство за поднесување понуди.“

Процедурите за јавни набавки се строги, но и доволно флексибилни за да можат да бидат контролирани и искористени од власта вели Сашо Ордановски од Транспарентност Македонија.

„Оваа сегашнава власт просто ми се чини дека не пропушта прилика да намести тендер и затоа добар дел од тендерите што поминаа се со кршење на процедурите и законот и резултираат со проекти кои никогаш не се остваруваат.“

Јавно отварањето на понудите на компаниите и досега беше транспаретнтно, корупцијата се јавува во тендерската постапка вели Марјанчо Николов од опозициската СДСМ. Бројот на жалби во државната комисија е зголемен што покажува дека јавните набавки не се реализираат во согласност со законот вели тој.

„Ова е само обид да се отстранат сомневањата кои постојат околу правилноста кај јавните набавки. Ревизорските извештаи покажуваат дека кај јавните набавки има многу пропусти и незаконско работење.“

Владата очекува со примената на електронскиот систем на јавни набавки да се заштедат од 20 до 40 милиони евра годишно.





  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG