Достапни линкови

Во Кина нема дисиденти


Портпаролоот на кинеското министерство за надворешни работи Ма Чаоху изјави дека во Кина нема дисиденти. Според него тој термин не е соодветен, а неговиот коментар доаѓа по одлуката на кинескиот суд да ја одбие жалбата на дисдидентот Лиу Ксиобао осуден на 11 години затвор под обвинение за субверзивни дејствија. Американскиот амбасадор во Пекинг изрази разочарување и побара Лиу веднаш да биде ослободен, велејки дека судењето индивидуалци поради мирно изразување политички ставови е кршење на човековите права.
XS
SM
MD
LG