Достапни линкови

logo-print

Во Иран нападнати лидери на опозицијата


Радио Фарда (Слободна Европа) јави дека иранските опозициони лидери Мехди Каруби и поранешниот Претседател Мохамед Катами биле нападнати од провладините сили за време на денешните протести за одбележување на годишнината на исламската револуција во 1979 година. Синот на Каруби, Хосеин изјави дека неговиот татко не бил повреден, но дека луѓето околу него биле претепеани. Поранешниот Претседател Катами пак бил нападнат додека се движел кон местото на опозициониот протест во Техеран. На негиовиот автомобил биле искршени стаклата. Други опозициони лидер биле задржани во нивни домови под изговор за нивната безбедност. На улиците на Техеран од друга страна се излезени десетици илјади про владини демонстранти.
XS
SM
MD
LG