Достапни линкови

logo-print

Комеморација по повод смртта на Габриела Конеска- Трајковска


Во Владата на Република Македонија денеска ќе биде одржана комеморативна седница за Габриела Конеска- Трајковска, поранешен заменик-премиер за европски прашања, која почина вчера по долго и тешко боледување. Во 12 часот ќе се одржи комеморација во Капелата на градските гробишта Бутел, додека погребната церемонија ќе се изврши во 13 часот. Таа на функцијата вицепремиер за еворпски прашања дојде од претседателското место на организацијата за борба против корупцијата „Транспарентност Македонија“, а беше и шеф на меѓународната мисија во Букурешт при Пактот за стабилност, како и директор на Регионалниот центар за борба против организираниот криминал во Букурешт.
XS
SM
MD
LG