Достапни линкови

Годишнина од Исламската револуција во Иран- најавени протести


Иранските опозициски лидери најавија антивладини протести за време на одбележувањето на 31- та годишнина од Исламската револуција. Иранските власти најавија дека безбедносните сили се подготвени да се справат со активностите на опозицијата. Полицијата соопшти дека голем број луѓе биле приведени во текот на вчерашниот ден под сомневање дека планирале да предизвикаат немири на денот на прославата. Најмалку осум лица беа убиени во судирите за време на последните опозициски протести во декември.
XS
SM
MD
LG