Достапни линкови

Бајден најмногу загрижен за ситуацијата во Пакистан


Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека ситуацијата во Пакистан претставува негова најголема грижа во делот на водењето на надворешната политика. Во своето телевизиско интервју за американските медиуми, тој рече дека ситуацијата во Пакистан го загрижува повеќе од ситуацијата од Авганистан и Ирак и го опиша Пакистан како голема земја со нуклеарно оружје и со малцинства кои може да се радикализираат. Во интервјуто Бајден додаде дека иранската нуклеарна програма претставува реална опасност поради можното влијание врз соседните земји на Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG