Достапни линкови

Почнува 60-то Берлинале


Денеска започнува 60- от Берлински Филмски Фестивал на кој ќе бидат прикажани високобуџетни холивудски филмови, како и дела од помалку познати независни продуцентски куќи. Фестивалот почнува вечер и ќе трае во наредните десет денови. Германскиот режисер Вернер Херцог го предводи седумчленото жири кое треба да избере победник меѓу 20-те номинирани филмови. На најдобрите ќе им припаднат главните награди Златна и Сребрена мечка, што ќе бидат доделени на 20- ти февруари.
XS
SM
MD
LG