Достапни линкови

Изјавата на Фуере порака за дома и надвор?


Macedonia - EU ambassador Ervan Fuere, Skopje, 03Jun2009

Macedonia - EU ambassador Ervan Fuere, Skopje, 03Jun2009

Изјавите дека застојот во евроинтеграциските процеси во Македонија може да предизвика меѓуетнички тензии и дестабилизација на регионот, се пораки и до македонските власти, но и до раководството на Европската унија, сметаат дел од домашните експерти.

Тие велат дека прашањето: Дали сакате ова да се случи? - им е упатено и на македонските, но и на грчките и на европските власти.

Евроамбасадорот Ерван Фуере, во вчерашното интервју за виенскиот весник Стандард, предупреди дека кај македонските граѓани владее разочарување, зашто Македонија не доби датум за преговори поради спорот со Грција, и покрај позитивните оценки на
Што повеќе време минува, тоа ќе биде потешко да се одржи духот на реформите во Македонија
Европската Комисија.

„Што повеќе време минува, тоа ќе биде потешко да се одржи духот на реформите во Македонија“,

вели Фуере.

Професор Билјана Ванковска претпоставува дека овие изјави се упатени до европската и пред се до грчката јавност.
Владата на Република Македонија и нашите политичари на власт глумат евро атлантска политика. По сите нивни однесувања, не даваат доволно аргументи дека тие сакаат Македонија да биде членка на НАТО и ЕУ.

„Да размислат каква би била цената доколку Македонија биде запрена подолго време на овој пат, во смисла дека евентуална дестабилизација секако дека ќе значи голем проблем и за регионот, првенствено за Грција како наш сосед, меѓутоа и за самата ЕУ.“

Таа вели дека евроамбасадорот Фуере има добра намера.

„Меѓутоа, мојата втора реакција е дека патот до пеколот е понекогаш поплочен со добри намери. Ова е мечкина услуга за Македонија.“

Ванковска вели дека Фуере веројатно сака да ги разбуди европските центри да бидат повнимателни со Македонија.

„Од друга страна европската јавност нема да заборави дека станува збор за многу ранлива земја, на која вчера и беа дадени комплименти дека ги исполнува политичките критериуми, а сега веќе се тврди дека е на работ на дестабилизација. Тоа е крајно контрадикторно и мислам дека во догледен момент Македонија го носи товарот на својот негативен имиџ.“

Премиерот Никола Груевски, вчера во Прага, изјави дека ако преку меѓуетнички тензии се сака да се постигне каков било прогрес, би се постигнало нешто што е спротивно на прогрес. Професор Назми Малиќи пак вели дека пораките се упатени кон македонската влада.

„Владата на Република Македонија и нашите политичари на власт глумат евро атлантска политика. По сите нивни однесувања, не даваат доволно аргументи дека тие сакаат Македонија да биде членка на НАТО и ЕУ.“

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Зоран Талер пред дваесетина дена побара Советот на министри на Европската унија во март да одреди датум за почеток на преговорите со Македонија.

Тој рече дека одлложувањето на одлуката за старт на преговорите може да предизвика зголемени меѓуетнички тензии во земјава и да има негативни последици за стабилноста на целиот регион. Лидерот на ДПА Мендух Тачи во интервју на телевизијата Канал 5 се закани со „многу тешка војна во која ќе паѓаат и границите на Албанија и на Косово“.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG