Достапни линкови

Одвлекување на вниманието со етнички теми?


Скопје 2014 - последна тема со етнички предзнак

Скопје 2014 - последна тема со етнички предзнак

Скопје 2014 е веројатно последен во низата настани коишто предизвикаа негодувања и реакции со етнички презнак. Во овој момент неуспехот на евроинтегративниот пат и економските проблеми владејачкта партија која по својата ориентација е национална повторно се обидува да ги компензира правејќи нешто видливо и коешто носи политички поени, коментираат експертите

Скопје 2014 е веројатно последен во низата настани коишто предизвикаа негодувања и реакции со етнички предзнак. Воведувањето на македонскиот јазик за првачињата Албанци како и претходно објавената енциклопедина на академијата на науките покажаа дека оваа тема во Македонија останува чувствителна и лесно разгорува тензии, често и сомневање дека со неа се манипулира секогаш кога за
И сега, бидејќи нормално тоа треба да се компензира со агресивна домашна политика, ние можеме сами да опстанеме, да направиме што се, и сега акцентот се става на она што би било успех на домашен план, а тоа е да се насочат големи средства кон нешто што е видливо.
суштинските прашања нема решение. Во овој момент неуспехот на евроинтегративниот пат и економските проблеми владејачкта партија која по својата ориентација е национална повторно се обидува да ги компензира правејќи нешто видливо и коешто носи политички поени, коментира професорката Мирјана Малеска.

„И сега, бидејќи нормално тоа треба да се компензира со агресивна домашна политика, ние можеме сами да опстанеме, да направиме што се, и сега акцентот се става на она што би било успех на домашен план, а тоа е да се насочат големи средства кон нешто што е видливо.“

Вложувањето во меѓуетничките односи не е нешто што е веднаш видливо и се покажува за неисплатливо по рејтингот на власта, бидејќи не носи инстант политчки поени, вели Малеска. Од друга страна, играњето на меѓуетничка карта кога другите прашања не се придвижуваат нанапред е веќе стара и и излитена тема додава аналитичарот Хисен Рамадани која секогаш се вади во моменти кога е потребно да се сврти вниманието на друга страна таму каде што власта сака да потенцира дека всушност лежи клучната опасност.Од друга страна Рамадани анализира и дека актуелната владејачка гарнитура презема опасни чекори кога сака со своите потези да ги негира вредностите постигнати со Рамковниот договор.
Се што е направено, едно по едно да ги обезвреднат постигнатите вредности, за на сите да им биде јасно дека од тоа нема ништо.

„Се што е направено, едно по едно да ги обезвреднат постигнатите вредности, за на сите да им биде јасно дека од тоа нема ништо.“

Посветувањето внимание и потенцирањето само на својата нација, вели професорката Малеска е природно да с еочекува од една национална партија каква што во меоментов е на власт во Македонија но сложениот меѓуетнички контекст кај нас тоа не гов дозволува зошто тсбилноста на државата зависи од постојаното одржувањето на таа рамнотежа на силите. Освен тоа кај нас сеуште не ена дневен дред темата демократија, коментираат експертите зошто таа сеуште се сфаќа како преземање на власта по што нема потреба да се консултираат другите, што не можат да си го дозволат ниту многу поразвиени демократии.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG