Достапни линкови

logo-print

Шефот на дипломатијата на Луксембург во Македонија


Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија. Предвидено е тој да биде примен од претседателот Ѓорге Иванов, а ќе се сретне и со вицепремиерот Васко Наумовски и со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Според Министерството за надворешни работи, на средбата Милошоски-Аселборн ќе се разговара за билатералната соработка, за евро-атланските аспирации на Македонија, а ќе бидат покренати и прашања што се однесуваат на мултилатералната соработка од интерес на Луксембург и нашата земја.
XS
SM
MD
LG