Достапни линкови

Шефовите на дипломатиите на Турција, Србија и БиХ кај Ердоган


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска ќе ги прими шефовите на дипломатиите на Турција, Србија и на Босна и Херцеговина Ахмет Давутоглу, Вук Јеремиќ и Свен Алкалај, кои вчера одржаа трилатерална средба во Анкара за состојбата на Балканот. Министерот Давутоглу изјави дека ваквите средби значајно придонесле за унапредување на имиџот на Балканот. Истакнувајќи дека состаноците ќе продолжат, тој најави дека следната, мартовска средба, ќе биде во Сараево, а потоа во април во Белград.
XS
SM
MD
LG