Достапни линкови

logo-print

Штитот во Европа нема да влијае врз договорот СТАРТ


Несогласувањата меѓу Москва и Вашингтон околу антиракетниот штит во Европа не го блокираат договорот за нуклеарно разоружување СТАРТ меѓу САД и Русија, изјави портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс. Претходно, портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули истакна дека штитот кој САД го поставуваат во Европа не е насочен против Русија, туку оти повеќе е наменет за одбрана од растечката закана од Иран.
XS
SM
MD
LG