Достапни линкови

Преживеан под урнатините во Хаити 27 дена по земјотресот


Лекарите во Порт о Пренс, главен град на Хаити, соопштија дека 28- годишниот Еванс Монсиграс, кој вчера беше примен во болница, преживеал 27 дена под урнатините по катастрофалниот земјотрес од 12 јануари. Тој на лекарите им рекол дека за време на потресот бил во кујната и оти таму останал затрупан. Според лекарите, пациентот е во стабилна состојба, а прогнозите околу неговото здравје се прилично добри. Во меѓувреме, владата на Хаити соопшти дека во земјотресот загинале 230 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG