Достапни линкови

Фишер и Груевски - не очекуваат етнички тензии во Македонија


Чешкиот премиер Јан Фишер не верува дека е можно да има меѓу етнички тензии во Македонија доколку во следните 6 месеци Македонија не добие датум за преговори со ЕУ како што деновиве изјавуваа некои западни дипломати, меѓу кои и амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере. Фишер на заедничката прес конференција со македонскиот премиер во Прага изјави дека неговата земја ќе продолжи да ја поддржува Македонија во напорите што побрзо да стане членка на НАТО и Европската унија, иако го има во предвид билатералниот проблем на земјата со Грција. Премиерот Груевски, исто така, изјави дека не очекува тензии. „Тоа само би ги забавило разговорите со Грција или би ги ставило ад-акта. Нема логика за такво нешто. Ако на таков начин се сака да се постигне каков било прогрес, би се постигнало нешто што е спротивно на прогрес“, рече Груевски кој ја предводи македонската делагација во посета на Чешката Република. Груевски утре се очекува да се сретне и со чешкиот претседател Вацлав Клаус, претседателот на Сенатот, Премислав Соботка, како и со претседателот на Пратеничкиот дом, Милослав Влчек.
XS
SM
MD
LG