Достапни линкови

80 милиони евра за Скопје 2014


Скопје ќе добие нов лик за 80 милиони евра
Скопје ќе добие нов лик за 80 милиони евра

Откако опозицијата обвини дека проектот Скопје 2014 ќе чини 200 милиони евра, денеска градските власти објавија дека вредноста на проектот ќе биде околу 80 милиони евра. Според нив, центарот на Скопје ќе добие идентитет. Опозицијата пак останува на ставот дека со проектот се загрозува македонскиот национален идентитет.

По излегувањето на некои од партии од опозицијата со податоци дека владта ке потроши околу 200 милиони евра од градот објавија дека цената за реализација на урбанистичкиот проект Скопје 2014 ке биде значително помала. Станува збор за повеќегодишна
Сметаме дека ќе биде некаде околу 80 милиони евра, но тоа се пари кои ќе одат во неколку годишни буџети, и не се само на Владата, туку учествува и Општина Центар, и градот Скопје, и приватните инвеститори кои наоѓаат место во оваа реализација.
инвестицаја на повеке субјекти кои учествуваат во неа изјави градоначалникот на Скопје Коце Трјановски

„Сметаме дека ќе биде некаде околу 80 милиони евра, но тоа се пари кои ќе одат во неколку годишни буџети, и не се само на Владата, туку учествува и Општина Центар, и градот Скопје, и приватните инвеститори кои наоѓаат место во оваа реализација.“

Веке се градат два постамента на влезот на камениот мост од плоштадот од кој едниот ке биде посветвен на Гоце Делчев а другиот на Даме Груев. По ова ќе се продолжи со градби на постаментите на двата лава кои веќе се тука. Градоначалникот на општината Центар Владимир Тодоровиќ рече дека втората половина на 2011 та година е рокот кога треба да биде поставен споменикот на Алексанадар Македонски

„Другите споменици ќе пристигнуваат како што ќе се завршуваат во текот на годината.“

Градот во проектот ќе учествува преку обновување на фасадите во централното градско подрачје и околу поставуавњето на оградите на мостовите Гоце Делчев и двата други кај хотелот Холидеј Ин и комплексот банки. Во првата фаза што ќе почне кон крајот на оваа година се планира обновување на фасадите на два објекта а инвестицијата ке чини околу 15 до 20 милиони. Градначалникот на Скопје Коце Трајановски остви можнсот за проширување и надоградување на проктот
„Сето она што било во историјата или дел од тоа сака да се презентира тука во централното градско подрачје. Овој проект не е завршен, овој проект ќе се проширува и има простор да се вклопат сите работи кои не биле завршени до сега. Ние доцниме можеби 50 до 100 години со оформувањето на плоштадот. И ова буди еден голем интерес, но со ова градот Скопје ќе добие идентитет.“
Дека нема крај на контрдикторни ствови по визијата з а Скопје 2014 покажуваат многуте рекции на дел од партите од опзоцијата кои бараа владата на ист начин да ги претстави прокетите за излез од тешката економска состојба и сиромаштијата. Во градот изјавуваат дека урбанистичкиот проект е значаен и од еконосмки аспект и оти при неговата релизција ке се отврат и нови работни места. Во СДСМ сметат дека македонскиот национален идентитет ќе биде загрозен преку овој проект.
SKOPJE - 2014
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:04:21 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG