Достапни линкови

logo-print

Иранските власти вршат притисок врз опозицијата


Новинските агенции известуваат дека во Иран денеска е зголемен притисокот врз опозициското движење во земјата. Осуден е на смртна казна антивладин демонстрант, роднина на лидерот на опозицијата, Мир Хосеин Мусави е уапсен и уште деветмина опозициски подржувачи се задржани во затвор под сомение дека предизвилале немири за време на минатогодишните протести. Судот денеска ја потврдил и петгодишната затворска казна за поранешен министер кој го подржува опозициското движење.
XS
SM
MD
LG