Достапни линкови

logo-print

Нимиц во Скопје на 23 февруари


На 23 февруари повторно во Скопје. Медијаторот Метју Нимиц

На 23 февруари повторно во Скопје. Медијаторот Метју Нимиц

Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на 23 февруари доаѓа во Скопје на разговори со македонските власти. Македонските власти за сега не знаат дали медијаторот ќе пристигне со нов предлог за решавање на спорот.

Посредникот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц на 23 февруари доаѓа во Скопје на разговори со македонските власти, потврдија од македонското министерство за надворешни работи. Овој датум е предложен од македонската Влада а медијаторот Нимиц го прифатил. Од МНР велат дека ние ќе почекаме дали Нимиц ке предоложи нови решенија околу спорот со Грција.

„Дали доаѓа со нов предлог? Дали доаѓа да слушне позиции? Дали договараат со Атина термин? Што му одговорила Атина? Значи, сите тие прашања треба да ги одговори медијаторот“ изјави портпаролот на министерството Петар Чулев.

Во МНР се надеваат дека наскоро и грчката страна ќе усогласи термин со медијаторот Нимиц за посета на Атина. Претходно заменик мнситерот за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас на средбите во САД инсистираше на решение кое би значело име со географска одредница за севкупна употреба. До доаѓањето на медијаторот на Обединетите нации во спорот за името не се очекуваат активности во смисла на разговори на министерот Милошоски со грчки претставници.

Иако неофицијално се шпекулира дека премиерите Папандреу и Груевски следниот четврток ќе имаат средба на маргините на самиотот на ЕУ за итни случаи во Брислел, во владата за сега не го потврдуваат ова. Деновиве Милошоски и претседателот Иванов беа на безбедносна конференција во Минхен на која заменикот на американскиот државен секретар Хилари Клинтон, Стајнберг на разговорот порача дека Вашингтон очекува забрзување на динамиката на преговорите, со што до јуни би се нашло решение за името. Портпаролот на ОН Ванеса Маестрачи вчера соопшти дека амбасадорот Нимиц работи на усогласување заеднички прифатлив датум за посета на регионот на покана на владите на двете земји.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG