Достапни линкови

Буџетот за одбрана е намален и според Министерството за одбрана не влијае на намалување на борбената готовност на АРМ. Сепак, познавачите велат дека буџетот не треба да се намалува и дека потегот може да се толкува и како политичка порака на разочараност.

Намалувањето на буџетот на Министерството за одбрана не влијае на намалување на борбената готовност на АРМ, тврди заменик министерот за одбрана Емил Димитриев.
Овој акт на буџетот воопшто не го доведува во прашање извршувањето на обврските на Министерството за одбрана и Армијата.


„Овој акт на буџетот воопшто не го доведува во прашање извршувањето на обврските на Министерството за одбрана и Армијата. Со внатрешно прераспределување ние и годинава обезбедуваме поддршка на се она што значи обезбедување висока борбена готовност и извршување на првата мисија на АРМ, а тоа е гарантирањето на суверенитетот на Република Македонија.“

Челниците на Министерството за одбрана и на АРМ денеска го брифираа претседателот и врховен командант на армијата Ѓорге Иванов за борбената готовност на АРМ за 2009 година.

На брифингот во Министерството за одбрана присуствуваа министерот за одбрана Зоран Коњаноски, началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал-мајор Зоран Димов и дел од клучниот персонал на Генералштабот на АРМ.
Секое кратење на буџетот значи смалување на можноста да се достигнат капацитетите за подобра интероперативност или функционална соработка што би рекле со останатите сојузници

Годинава буџетот на Министерството за одбрана е најмал од 2006 година. Македонија за одбрана издвојува 1,65 проценти од бруто-домашниот производ. Еден од критериумите за Македонија од аспирант да стане полноправна членка на НАТО е за одбраната да издвојува меѓу 2,1 и 2,6 отсто од БДП. Според тој критериум, буџетот за одбрана за 2010 година требаше да биде поголем за најмалку 40 милиони евра.

Власта вели дека мора да го затегне ременот поради економската криза но опозицијата и дел од аналитичарите оценуваат дека тоа може да ја наруши способноста на армијата. Професор Нано Ружин е поранешен амбасадор на Македонија во НАТО. Тој вели дека не треба да се намалува буџетот за одбрана.

„Секое кратење на буџетот значи смалување на можноста да се достигнат капацитетите за подобра интероперативност или функционална соработка што би рекле со останатите сојузници.“

Ружин вели дека зад намалувањето на буџетот за одбрана можеби стојат и политички причини, а не само економската криза.

„Сметам дека ова што се случува не е коректно. Може да има одредена политичка позадина во смисла, еве ја покажуваме нашата разочараност.“ вели Ружин.

Министерот за одбрана Зоран Коњаноски, кон крајот на минатата година оцени дека може да се очекуваат и дополнителни средства во буџетот кога ќе се надмине економската криза.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG