Достапни линкови

Нимиц на 23 февруари во Скопје


Посредникот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц на 23 овој месец доаѓа во Скопје на разговори со македонските власти, потврдија во македонското Министерство за надворешни работи. Медијаторот Нимиц го прифати овој датум што бил предложен од македонската Влада и го потврдил неговото доаѓање во Скопје. Во македонското министерство се надеваат дека наскоро и грчката страна ќе усогласи термин со медијаторот Нимиц за посета на Атина.
XS
SM
MD
LG