Достапни линкови

Фуере: Одлагањето на преговорите со ЕУ може да доведе до етнички тензии


Одолговлечувањето на терминот за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската унија може да биде „потенцијал,, за меѓуетнички тензии во земјата, изјави шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје Ерван Фуере за виенскиот весник „Стандард,,. Тој предупреди дека во Македонија владее разочарување поради тоа што Унијата, како што вели, ,,ја остави на цедило,, во спорот со Грција околу името, додека Загреб ја доби поддршката од Брисел во несогласувањата со Словенија. ,,Што повеќе време минува, тоа ќе биде потешко да се одржи духот на реформите во Македонија, оценува Фуере за весникот ,,Стандард,,.
XS
SM
MD
LG