Достапни линкови

logo-print

Премиерот Груевски во посета на Чешка


Висока владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Чешката Република. Груевски ќе се состане со неговиот колега Јан Фишер, а ќе биде примен од претседателот на Чешка, Вацлав Клаус, како и од претседателот на Сенатот на чешкиот Парламент Премисл Соботка и од претседателот на Домот на пратениците Милослав Влчек. Посетата на македонската делегација ќе биде искористена и за унапредување на економската соработка меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG