Достапни линкови

Претседателот Иванов ќе биде брифиран за готовноста на АРМ


Денеска во просториите на Армијата на Република Македонија ќе се одржи брифинг за борбената готовност на АРМ. Тоа е редовна обврска на Генералштабот, кој на претседателот Ѓорѓе Иванов ќе му реферира за изминатата година. Иванов, кој е Врховен командат на Армијата, ќе биде информиран за реализацијата на плановите и задачите во 2009 година. На брифингот ќе присуствуваат и министерот за одбрана Зоран Коњановски, Началникот на Генералштабот генерал полковник Мирослав Стојановски, како и Командантот на Здружената оперативна команда, генерал мајор Зоран Димов.
XS
SM
MD
LG