Достапни линкови

logo-print

Средба на шефовите на дипломатиите на Турција, Србија и БиХ


Министрите за надворешни работи на Турција, Србија и на Босна и Херцеговина денеска ќе се состанат во Анкара за да разговараат за ситуацијата на Балканот. Турското министерство за надворешни работи соопшти дека земјата му дава приоритет на Балканот, особено на Босна и Херцеговина, за да се одржи мирот во регионот. Анкара е загрижена поради одбивањето на НАТО да ја прими БиХ во Акцискиот план на Алијансата и одбивањето на ЕУ да ги укине визите за граѓаните на земјата. Тоа ќе биде петта средба на Давутоглу, Јеремиќ и Алкалај од октомври 2009 година.
XS
SM
MD
LG