Достапни линкови

Општина Охрид финансира проекти за развој на градот


Охридско езеро

Охридско езеро

Со по две илјади евра, охридската локална самоуправа ќе финансира 16 проекти за развој на градот, одбрани на конкурс. Целта ни беше да ги анимираме граѓаните и НВО-та да размислуваат што се му е потребно на Охрид, велат од општината.

16 проекти за развој на општина Охрид, од областа на туризмот и економијата, со кои аплицираа месни заедници и здруженија, локалната самоуправа ќе ги финансира со по 2000 евра на проект. За програмата, што се отвори кон потребите и идеите на Охриѓани, општината годинава ќе потроши 33 илјади евра. Со нив Охрид ќе добие ДиВиДи изданија за подводниот свет на Охридското Езеро, за духовните вредности на источното Охридското крајбрежје во функција на развој на алтернативните форми на туризмот, за сакралното
Целта не ни беше само да ги реализираме проектите, туку да ги натераме граѓаните и невладините организации да размислуваат дека е можна една ваква иницијатива
богатство во регионот, за доуредување на тренинг локалитет за алпинизам кај карпата Канео, фото публикација за Охрид, веб презентација на Охридската локална кујна, брендирање на Плаќенското јагне на ражен и друго.

,,Целта не ни беше само да ги реализираме проектите, туку да ги натераме граѓаните и невладините организации да размислуваат дека е можна една ваква иницијатива. Со околу два милиони денари колку што програмата ја чини општината, наместо да се направи помал инфраструктурен зафат, наспроти големите проекти, кои се многу видливи, главната поента беше со ова да ги натераме граѓаните да размислуваат.„

Вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

,,Секојдневно слушаме информации дека некоја работа не требало да се направи "вака, туку така". Но, кога ќе се наведат заинтересираните страни во делот на туризмот и економскиот развој да напишат еден формулар и концизна мисла, да исполнат еден точно прецизиран буџет, во кој ќе ги наведат сите трошоци и вредности, се добива во квалитет на подготвената
Ние сме среќни и презадоволни од добиените проекти, што покажува дека граѓаните ја сватиле можноста за нивно транспарентно вклучување во оваа проблематика
програма. Ние сме среќни и презадоволни од добиените проекти, што покажува дека граѓаните ја сватиле можноста за нивно транспарентно вклучување во оваа проблематика.„

Вели Гоце Симоноски од секторот за локален економски развој во општина Охрид. Подносителите на проектите, меѓу кои е и Охридскиот хорски фестивал, ја поздравуваат иницијативата на општината, засега веројатно прва ваква во државава.

,,Нашиот проект е за изработка на краток филм, на двд, што ќе го претстави Охридскиот филмски фестивал, а се разбира и на Охрид, како место каде што тој се одржува. Ние аплициравме со цел да го промовираме Охридскиот хорски фестивал, а преку него и Охрид како инспиративно место. Добивме средства од општината, со кои се надевам дека овој проект ќе го реализираме успешно. Филмот ќе биде доставен до најрелевантните институции кои се занимаваат со култура во Европа и секако до подобрите Европски хорови.„

Вели Александар Димоски од Охридскиот хорски фестивал, една од најмасовните музички мафестации кај нас, низ која минатите две години поминаа четири илјади учесници од дваесет Европски земји.Општина Охрид најави нови конкурси за аплицирање со поголем број проекти за развој на туризмот и економијата во Охридскиот регион, за кои со новиот буџет кој од ланскиот е поголем за 20 проценти, ќе бидат обезбедени 66 милиони евра.
XS
SM
MD
LG