Достапни линкови

САД и ЕУ го осудуваат кршењето на човековите права во Иран


Соединетите Американски Држави и Европската Унија го повикааа Иран да престане да ги крши правата на своите граѓани. Во заедничкото соопштение се наведени голем број на прекршувања, како масовните судски процеси и негирање на правото за мирно изразување, по спорните претседателски избори лани. Во продолжение на соопштението се вели дека и САД и ЕУ се загрижени дека може да се зголеми насилството во Иран за време на празнувањето на годишнината од Исламската Револуција на 11ти февруари. Опозицијата во Иран ги повика своите следбеници да излезат на улиците на денот на револуцијата.
XS
SM
MD
LG