Достапни линкови

Ѓелиќ:Заклучоците на Меѓународната група за Косово се неважечки


Потпретседателот на српската Влада, Божидар Ѓелиќ однапред ги оцени како неважечки, заклучоците на Меѓународната група за Косово. Ѓелиќ изјави дека Србија ја смета оваа група за нелегална па затоа и нивните заклучоци кои ќе произлезат од денешниот состанок ќе ги смета за неважечки.Меѓународната група за Косово денеска ќе одржи состанок во Виена на кој ќе разговара за мандатот на шефот на Меѓународната цивилна канцеларија на Косово, Питер Фејт.
XS
SM
MD
LG