Достапни линкови

logo-print

Состанок на Меѓународната Управна Група за Косово


Меѓународната управна група за Косово денеска во Виена ќе оддржи состанок на кој ќе го разгледува мандатот на шефот на Меѓународната цивилна канцеларија на Косово Питер Фејт.Политичките директори од министерствата за надворешни работи на 25 земји членки ќе разговараат за продолжување на мандатот врз основа на планот на Марти Ахтисари.
Се очекува одговорностите на Фејт кои беа зголемени во областите наведени во планот на Ахтисари, сега да бидат намалени со цел постепено предавање на надлежностите на властите во Приштина.
Холандскиот дипломат Питер Фејт на 28 февруари 2008 година беше именуван на должноста меѓународен цивилен претставник. Тој е врховен авторитет за надгледување на спроведувањето на планот на Ахтисари и има извршна власт да интервенира и да ги отфрли потезите кои се во спротивност со овој план.
XS
SM
MD
LG