Достапни линкови

Србија нема да се движи кон НАТО, изјави министерот Јеремиќ


Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ на Конференцијата за безбедност во Минхен вчера изјави дека нема да се прават чекори кои ќе ја водат Србија кон членство во НАТО, ниту кон кој и да било друг воен сојуз, но во поддршката на мирот и стабилноста Белград ќе соработува со Алијансата и сите други од западниот Балкан. Политиката на воена неутралност нема да се менува, рекол Јеремиќ
Тој изразил загриженост за мирот и стабилноста на Косово, особено по информациите дека би можело да дојде до еднострани и нелегални активности во северниот дел на Косово, јавија српските медиуми.
XS
SM
MD
LG