Достапни линкови

Јанукович прогласи победа на изборите во Украина


Опозицискиот кандидат Виктор Јанукович синоќа прогласи победа во вториот круг на претседателските избори во Украина и најави ново поглавје во нејзината историја. Тој ја повика својата противкандидатка Јулија Тимошенко да си поднесе оставка од премиерската функција. Според резултатите од 84 проценти пребројани гласови од страна на Централната изборна комисија, Јанукович има 48, 46 насто освоени гласови, а Тимошенко 45, 87 проценти. Резултатот од овие избори ќе биде клучен за односите на Украина со Русија како и за врските со Западот.
XS
SM
MD
LG