Достапни линкови

Седумина уапсени заради сомнение дека ќе предизвикаат нереди во Иран


Иранските власти соопштија дека се уапсени 7 луѓе за кои се сомневаат дека планират да прдизвикаат нереди на 11ти фебруари кога државата ќе ја слави 31та годишнина од Исламската Револуција. Министертвото за разузнавање соопшти дека осомничените биле обучувани во Дубаи и Истамбул и дека се сомневаат дека уапсените биле ангажирани од американски шпиони. Во соопштението што го објавија неколку локални медиуми се вели дека ќе продолжат со апсењето и на 11ти , кога се очекува иранската опозиција да излезе на антивладини протести.
XS
SM
MD
LG