Достапни линкови

logo-print

Расмусен : НАТО да соработува повеќе со Кина,Пакистан и Индија.


Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен упати повик за зголемени контакти со земјите како Кина, Индија и Пакистан за глобалните безбедносни прашања. Во својот говор на безбедносната конференција во Минхен, тој порача дека Алијансата треба да стане центар на една поширока безбедносна коалиција. Расмусен додаде дека НАТО не може да се справи со безбедностите побарувања без активно и ситематско ангажирање и ако во тоа не бидат вклучени и другите играчи од меѓународната сцена. НАТО сега се справува со бунтовниците во Авганистан, но со помош однадвор, од Кина, Индија и Русија кои имаа интереси таму, би можеле да направиме повеќе за бездедноста, објасни Расмусен.
XS
SM
MD
LG