Достапни линкови

Иранските власти нема да толерираат активности против Владата


Иранската Влада ги предупреди демонстрантите да не протестират на денот на исламската револуција и дека нема да ги толерираат граѓаните кои го прекршуваат законот се вели во извештајот на иранската новинска агенција Илна . Опозицискотото движење кое ги организираше минатогодишните протести за претседателските избори планира нов протест кој на 11 февруари, ќе се совпадне со денот кога се одбележува 31 годишнина од исламската револуција..Најмалку 8 луѓе беа убиени на минатите протести во судирите меѓу демонтрантите и владините безбедносни сили.

XS
SM
MD
LG