Достапни линкови

Расмусен : НАТО не и е непријател на Русија


„ НАТО не и е непријател на Русија “ –Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Андес фог Расмусен на безбедносната конференција во Минхен за новинската агенција Ројтерс . Новата воена доктрина на Русија не ја рефлектира вистинската состојба во светот и ширењето на НАТО не е закана за безбедносните односи на Западната воена алијанса и Москва објасни Расмусен. Рускиот претседател Дмитри Медведев вчера ја одобри новата воена доктрина каде проширувањето на НАТО и американските планови за проширување на антиракетниот штит во Европа се опишуваат како едни од „ главните надворешни воени закани.
XS
SM
MD
LG