Достапни линкови

Протест во Скопје против новиот изглед на центарот


За денеска во Скопје е најавен протест против проектот на Владата за новиот изглед на центарот на градот. На овој проект вчера реагираше и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски кој го повика премиерот Никола Груевски да распише референдум, бидејки, според него, во услови на сиромаштија се трошат стотици милиони евра народни пари за задоволување на нечии лични хирови и фрустрации, а проектот може да предизвика и меѓу-етнички тензии. Реагираше министерката за култура Елизабета Канческа Милевска која изјави дека со проектот, Скопје ќе добие нов лик и ќе заличи на метропола.
XS
SM
MD
LG