Достапни линкови

И Јанукович и Тимошенко очекуваат победа


Со финални повици за гласање од двајцата кандидати, синоќа заврши капањата пред вториот круг од претседателските избори во Украина, што ќе се одржи утре. На митингот во Киев, Виктор Јанукович најави победа, оценувајки дека Јулија Тимошенко и нејзините сојузници од портокаловата револуција во 2004-та, не им донесоа прогрес на украинците. “7-ми февруари ќе биде крај на портокаловата ера, бидејки, по пет години, на луѓето им е јасно дека треба да гласаат за нова Украина”, изјави Јанукович. Исто така во Киев, Јулија Тимошенко, изрази надеж во победа и единство на украинците. "Се молам на господа да го благослови единството на државата и никој веќе да не може да не дели и да не прави непријатели", порача Тимошенко. Инаку, таа го обвини Јанукович дека подготвува изборни измами и ги повика своите приврзаници на подршка доколку се случат нерегуларности.
XS
SM
MD
LG