Достапни линкови

Американски Сенатори ги повикаа лидерите во БиХ на единство


Американска делегација предводена од сенаторите Џон Мекејн и Џо Либерман ги повикаа лидерите на Босна и Херцеговина да ги надминат несогласувањата за да постигнат напредок на патот кон членство во ЕУ и НАТО. Сенаторите во Сараево се сретнаа со тричленото босанско претседателство и со министерот за одбрана Селмо Цикотиќ.
Мекејн и Либерман изјавија дека се надеваат оти граѓаните на БиХ ќе ги искористат изборите за да изберат лидери кои ќе и помогнат на државата на патот на евроатланските интеграции.
XS
SM
MD
LG