Достапни линкови

Милевска: Црвенковски „фрли камен“ на Скопје 2014


Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска изјави дека лидерот на опозицијата го „фрлил првиот камен“ на проектот „Скопје 2014“ обвинувајќи дека тој во неговата 20 годишна политичка кариера не изградил ништо ниту инвестирал во кулурата во главниот град. Таа посочи дека во проектот учествувале реномирани домашни и странски експерти, скулптори и архитекти, а треба да му обезбеди нов лик на Скопје со кој градот ќе заличи на метропола. Претседателот на СДСМ на денешната прес-конференција за проектот за разубавување на центарот на Скопје до 2014 рече дека тој задира во идентитетот и историјата на земјата поради што побара власта да распише референдум.
XS
SM
MD
LG