Достапни линкови

Иванов: Не е можна дестабилизација на Македонија


Со учество во мировни мисии Македонија е конструктивна и придонесува да се постигне мир, изјави денеска претседателот Ѓорѓе Иванов, кој учествува на Безбедносната конференција во Минхен. Иванов смета дека не е можна дестабилизација на Македонија, доколку не влезе во ЕУ во следните шест месеци, како што коментираа европските дипломати. Македонскиот претседател, утре ќе има обраќање на Минхенската безбедносна конференција во рамките на панел дискусијата „Иднината на европската и глобалната безбедност“.
XS
SM
MD
LG