Достапни линкови

Црвенковски: Скопје - 2014 е личен хир за милиони евра


Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски побара премиерот Никола Груевски да распише референдум за проектот за менување на ликот на центарот на Скопје до 2014 година бидејќи тоа прашање, како што рече, задира во идентитетот и историјата на земјата.
Според Црвенковски во сиромаштија се носи одлука да се трошат стотици милиони евра народни пари за задоволување на нечии лични хирови и фрустрации. Лидерот на опозицијата смета дека овој проект може да даде свој придонес во зголемување на меѓуетничките тензии.
XS
SM
MD
LG