Достапни линкови

Одобрен рускиот проект за бугарската нуклеарка Белене


Руската корпорација Атомстројекспорт денеска соопшти дека бугарската Национална енергетска компанија - НЕК го одобрила нејзиниот технички проект за атомската централа Белене во Бугарија.
„ - Следен чекор е добивање дозвола за изградба од бугарската Агенција за атомска регулатива“ -, изјави потпретседателот на Атомстројекспорт Генадиј Тепкјан.
Атомстројекспорт потсети дека на тендерот за изградба на нуклеарката Белене објавен во 2005 година, победи таа компанија. Проектот на Белене е единствен руски проект одобрен од Европската Комисија.
XS
SM
MD
LG