Достапни линкови

Втора денешна експлозија во Карачи


Уште една експлозија денеска го погоди јужниот пакистански град Карачи. Сведоците велат дека експлозијата се случила во близина на болницата, каде што биле третирани жртвите од претходниот денешен бомбашки напад. Притоа, најмалку 11 лица загинале, а 40 биле повредени. Според болнички извори, меѓу жртвите имало многу жени и деца. Полицијата соопшти дека бомбата била поставена на мотоцикл кој удрил во автобус што превезувал шиитски верници. Во Пакистан се интензивира бранот напади на исламските милитанти, откако владата во октомври лани започна голема офанзива против Талибанците во северозападниот дел на земјата.
XS
SM
MD
LG