Достапни линкови

Само преодна оценка за пратениците


Големата сала на Македонското Собрание

Големата сала на Македонското Собрание

Оценката на граѓаните за работата на нивните претставници во Македонскиот парламент, и на Претседателот на Собранието Трајко Вељановски е различна. Тој е задоволен, а тие на Парламентот би му дале едвај преодна оценка

Претседателот на собранието , Трајко Вељановски вели дека е задоволен со оценката, затоа што оценката за работата на македонското собрание е во рамките на оценките на другите парламенти.

„Јас генерално сум задоволен од целокупната работа на Собранието, од донесените закони, од соработката со сите пратеници и пратенички групи. И сметам дека не треба да очекуваме и да имаме илузија дека парламентот би бил над оценката за владата и за другите институции,“

изјави Трајко Вељановски


Најголем дел од граѓаните никогаш немале средба со пратениците од нивната изборна единица, средбите им била само пред изборите. Ретко гледаат собраниски канал , а тогаш кога гледаат се нервираат затоа што пратениците се расправаат на ниво на кое не им доликува, велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Некои од нив не ни знаат кој пратеник ги застапува во Собранието.

„Пратеници, што знам, некои што сум ги слушал на вести. Лично не ги знам.“
Тие, партиски, се спротиставуваат едни на други таму, но државата нема фајде од тоа.

„Грѓаните не се прашуваат за ништо, само за избори. Ова е чиста измама.“
„Не гледам тоа.“
„Од неколку аспекти негативно ќе оценам. Прво, многу лоши расправии има меѓу луѓето. Значи, тие партиски се спротиставуваат едни на други таму, но државата нема фајде од тоа. Понатаму, некои работи многу се одолговлекуваат, а би требало под итно да се решат. Трето, за некои работи Собранието како да не се интересира.“

Запрашани за тоа колкава оценка би им дале на пратениците, тие велат дека има и такви кои заслужуваат и поголема оценка но на повеќето би им дале само преодна:

„Нула, не еден нула.“
„Има и добри деца, не ги знам по име.“
На пратениците, од двојка повеќе не им давам, зашто има неколку активни, инаку чиста единица.

„На пратениците, од двојка повеќе не им давам, зашто има неколку активни, инаку чиста единица.“

Неодамна и анкетата што на 1109 испитаници ја споведе Институтот за демократија, а по барање на Собранието , покажа дека граѓаните ја оцениле работата на Собранието со оценка 2.59. Луѓето најголеми забелешки имале за дискусии на пленарните и комисиските расправи, а дури 84,4 проценти од испитаниците се изјасниле дека пратениците треба да покажат поголема иницијативност преку изготвување и предлагање закони.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG