Достапни линкови

Британски пратеници обвинети за прекумерно трошење


Британското обвинителство соопшти дека четворица пратеници ќе бидат обвинети за нивната наводна злоупотреба на парламентарните трошоци. Во официјалниот ревизорски извештај, објавен вчера, се наведува дека 390 членови на парламентот поднесле сметки за прекумерно трошење и оти сите заедно би требало да вратат околу милион и шестотини илијади евра. Скандалот е голем удар за владејачката Лабуристичка партија, но и за опозиционите конзервативци, пред изборите закажани за во јуни годинава.
XS
SM
MD
LG