Достапни линкови

Друцас во Њујорк - Атина чека на конструктивност од Скопје


Заменик-шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас на синоќешната средба во Њујорк со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун повторил дека Атина останува на позицијата за име со географска одредница за севкупна употреба, како решение за спорот со Скопје.
„Уште еднаш го информирав генералниот секретар за нашите позиции и за желбата на Грција да се најде решение за прашањето за името“. Како што јави МИА, Друцас рекол дека чека и Скопје од своја страна да се однесувало на ист конструктивен начин.Грција, како што рекол Друцас, ќе продолжела да бара решение за спорот за името преку процесот што се води во Светската организација.
Според грчките медиуми, Друцас во Њујорк нема да се сретне со посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц.
XS
SM
MD
LG