Достапни линкови

logo-print

Коњановски на состанок на НАТО во Истамбул


Денеска во Истанбул продолжува неформалниот состанок на министрите за одбрана на НАТО и на државите кои кои даваат свој придонес кон Меѓународната мисија за поддршка на мирот во Авганистан - ИСАФ. Фокусот е врз напредокот во достигнување соодветни услови за предавање на одговорноста за безбедност на Авганистан на авганистанските власти.
На состанокот учествува и македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски.Припадниците на АРМ во мисијата ИСАФ задачите ги извршуваат во рамките на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство и се задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.
XS
SM
MD
LG